ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ ВО ПОЛИЦИЈАТА ПРЕКУ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ И ПОЛИЦИЈАТА”

 

Општина Велес денеска беше домакин на тркалезната маса на тема „Зајакнување на професионалните стандарди во полицијата преку зголемување на соработката меѓу локалните власти и полицијата“. Тркалезната маса ја организира Мисијата на ОБСЕ во Македонија заедно со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за претставниците на локалните власти, за невладините организации и сите заинтерсирани субјекти кои работат на прашања за човековите права.

На трибината присуствуваа претставници од Општините Велес и Неготино кои искажаа позитивни искуства во соработката со ОБСЕ и Секторот за внатрешна контрола. Реализирани се заеднички проекти кои придонесуваат за зајакнување на меѓусебната доверба , но и за поголемо учество на граѓаните во идентификувањето и разрешувањето на проблемите во локалната заедница.

Од страна на претставникот на Народниот правобранител беа истакнати проблемите на кои најчесто се жалат граѓаните од овие општини. По бројот на добиени претставки би можело да се констатира дека станува збор за подрачје во кое воглавно нема големо прекршување на човековите права.

Од трибината произлезе дека заедничката соработка на овој план треба да продолжи и во иднина заради приближување на различните засегнати страни од општеството на теми поврзани со полицијата, како што се почитувањето на човековите права од страна на полициските службеници при контактот со граѓаните, како и злоупотребата и пречекорувањето на полициските овластувања. Во врска со ова беше промовиран и флаерот „Како да поднесете претставка против полицијата“.