Велес доби нов кружен тек и нова паркова површина
Празничната програма по повод 9-ти Ноември Денот на Општина Велес започна на самиот влез во Велес, од најстариот пат познат меѓу велешани како Штипско џаде. На оваа регионална сообраќајница која што е директна и најфрекфентна врска со северна и источна Македонија, денес во употреба беше пуштен новиот кружен тек за регулирање на сообраќајот со значително проширување на просторот и зголемување на безбедноста.
На настанот на кој присуствуваа пратениците во Собранието на Република Македонија Илија Димовски и Ѓорѓи Коџабашиев, заменик-министер за здравство Јовица Андовски, претседателот на Советот Александар Колев и членови на истиот, раководители на инстутиции од градот и останати граѓани, говореше и во во употреба го пушти новиот кружен тек, градоначалникот на Велес Славчо Чадиев.
Во своето обраќање градоначалникот Чадиев истакна дека чувствува големо задоволство што токму денес се реализира еден од неговиоте приоритети и ветувања за современо регулирање на влезот во Велес од север и исток на Македонија.
-„Со големо задоволство и гордост стојам на ова место каде пред само 4 месеци отпочнаа работите на трокрака раскрсница регулирана само со вертикална сигнализација. Оваа патна инфраструктура одамна ги беше надминала стандардите за кои е градена пред повеќе од половина век. Како што гледате сега имаме кружна раскрсница што ги прифаќа возилата од сите три насоки, урбано уреден простор и променета слика на овој најрекфентен влез во градот што го користат и теретни и лесни возила, но и автобускиот превоз на патници.” – истакна градоначалникот Славчо Чадиев.
Овој инфраструктурен проект чини околу 7.000.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Велес. Многу е значајно што оваа кружна раскрсница е всушност продолжение или почеток на патниот правец Велес – Штип до Кадрифаково, познат како експресен пат со ознака А3. Оваа инвестиција на Владата на Република Македонија и инвестицијата на Општина Велес на кружниот тек заедно ги исполнуваат условите на модерна и безбедна сообраќајница.
Во пресрет на Денот на Општината во Велес денес беше промовиран и уште еден нов проект наменет за граѓаните - парк кој функционално и естетски ќе ги задоволи потребите на велешани.
Новиот пакр се наоѓа во дворното место на некогашниот офицерски дом, на левата страна од централната сообраќајна артерија, најфрервентната улица „Благој Ѓорев“. Овој дел на градот кој дефинитивно по изградбата на црквата Св. Кирил и Методиј и театарот е центарот на Велес е центарот на сите случувања, но и место што и географски се наоѓа во средината на градот.
-„Советот на Општина Велес во април годинава ја заврши постапката за уредување на јавната површина која заедно со објектот поранешен Офицерски дом од Владата на Република Македонија ни беше дадена во сопственост. Оваа паркова површина зафаќа 2354 м². Пред нас денес е уреден простор за одмор на граѓаните што заедно со театарската зграда, Младинскиот парк и Соборниот храм Св. Кирил и Методиј е една целина што го формира центрајното подрачје на Велес – центарот на сите културни збиднувања. Со изградбата на новата улица овој простор станува достапен од страната на Градскиот парк.” – рече градоначалникот Чадиев.
Покрај современата урбана опрема, фонтаната за вода за пиење, хортикултурното уредување и овозможената лесна комуникација со околните објекти, овој парк ќе биде место за презентирање на општината. Оградниот ѕид се планира да биде простор каде на посебни паноа ќе се прикаже архитектонското богатство на Велес, а по проект на Локалната библиотека и Народниот музеј ќе се постави голем екран на кој ќе се инсталира видео презентација на општина.