Рождество Христово - Божиќ
Прославата на Рождеството на Господ Исус Христос е најубавиот момент во христијанските православни срца и души, па така верниците од Велес масовно ги посетија сите храмови низ градот и молитвено се поклонија пред Богомладенецот Христос.
Централната прослава на Рождеството Христово беше Божествената Литургија која се одржа во соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“, а со која, во присуство на бројно свештенство на Повардарската епархија, чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На богослужбата меѓу многубројниот народ присуствуваше и градоначалникот, Славчо Чадиев кој уште еднаш упати честитка до верниците со желба за добро здравје, успех во работата и благосостојба во семејствата.