Подароци за лицата со попречености во развојот од Велес
Повардарската епархија, денеска на големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, организираше забава за луѓето со церебрална парализа.
Во соработка со Општина Велес и Здружението на лица со церебрална парализа беа подарени новогодишни пакетчиња. На божиќната веслба присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев кој честитајќи го денешниот верски празник, истакна дека оваа категорија на граѓани целосно ја имаат поддршката од општината за сите потреби кои ги остваруваат преку нивното здружение.