УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА СТАРТОТ НА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ОД УЧЕБНАТА ГОДИНА

Образованието е еден од врвните приоритети во работата на Општината. Директната надлежност од основањето на училиштата, па до решавањето на сите проблеми што се јавуваат во образованието е поврзана со Општината – со Советот и со Градоначалникот. Одтаму и потребата за континуирана и директна комуникација со директорите на училиштата.

 

Во тој правец, пред почетокот второто полугодие од учебната 2014/2015 година денес на состанок помеѓу градоначалникот Славчо Чадиев и директорите на сите образовни институции од градот беше направена проценка на подготвеноста за стартот на образовниот процес.


-„На средбата со директорите се констатираше дека во сите основни и средни училишта во Општина Велес наставните планови и програми се реализирани во целост а успехот ќе биде забележан во извештаите кои се изготвуваат. Од нивна страна бев известен дека не се детектирани посериозни пролеми кои можат да го доведат во опасност стартот на учебната година а училишните објекти се хигиено-технички подготвени да ги дочекаат учениците. Обезбеден е превозот и огревот за затоплување, како и сите оснати ресурси за нормално одвивање на наставата, а раководствата на поедини училишта исто така спроведоа и низа зафати за подобрување на инфраструктурата во училиштата.” – истакна градоначалникот Чадиев.

Средбата со директорите на училиштата беше фокусирана и на воспитно-образовната работа во училиштата и мерките за нејзино перманентно подобрување со следење на обуки и примена на нови позитивни практики во текот на наредниот период. На 20 јануари, 6.829 ученика, од кои 4.099 во основното, 2.657 во средното образование и 64 во ПОУ „Маца Овчарова” се враќаат во образовните клупи во Општина Велес.