Амбасадорката Оер ги посети македонските и француските ученици
По повод престојот на учениците и професорите од збратимениот град Шербур Октевиљ денес амбасадорката на Република Франција госпоѓа Лоранс Оер, како и заменичките градоначалнички од Шербур, Г-ѓа Мјуриел Жозо - Мариње и Г-ѓа Гилен Годен ги посетија македонските и француските ученици и професори во ОССУ „Коле Неделковски“ и ги проследија нивните активности. На настанот присустуваа градоначалникот Славчо Чадиев и претседателот на Советот Александар Колев.