Промоција на „Отворена книга” oд поетот Раде Силјан

Во рамки на проектот „Велес - Град на култура за 2015 година“, денес во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа промоција на книгата „Отворена книга“ од поетот Раде Силјан. На настанот промотивен говор одржа проф. д-р Златко Жоглев Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а стихови од книгата читаа Слободанка Чичевска и Игор Крајчев.