ЈАВЕН ПОВИК за обука за стекнување на основни вештини за работа со компјутери
Се известуваат граѓаните дека Општина Велес ќе организира обука за стекнување на основни вештини за работа со компјутери.
Обуката е наменета за невработени лица корисници на социјална помош со завршено најмалку основно образование на возраст до 30 години.
Пријавувањето на заинтересираните кандидати ќе се врши во Општина Велес – Граѓански центар во периодот од 26.01 – 4.02.2015 година.
Кон пријавата треба да се достави доказ за завршено образование, потврда од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа за остварување право на социјална помош и потврда од Агенцијата за вработување.
Градоначалник на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев