Подигнување на свеста кај младите за претприемништво

Во организација на Општина Велес денес во Големата сала на Општина Велес се одржа трибина насловена „Подигнување на свеста кај младите за претприемништво“. Презентери на трибината беа: Доц. д-р Стеван Габер од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип; Маја Талеска – Панова од ССОУ „Јовче Тесличков” Велес; Трајче Трајков - Претседател на Регионалната стопанска комора со седиште во Велес и Стефанка Витевска, од Агенцијата за вработување на Република Македонија – ПЕ Велес.

 

Целта на трибината беше потребата да се истакнат можностите за младите луѓе што се создаваат преку развивање на претприемничката иницијатива. На настанот се прензетираа позитивните примери на успешни претприемачи и се дискутираше за поволностите што ги нуди државата за почнување на сопствен бизнис. Ваквото споделување на искуствата и идеи е од огромно значење за понатамошни насоки што да се преземе за развој и поддршка на претприемаштвото.