Вечер на популарни арии
Синоќа во Ликовниот салон во Велес во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” се одржа „Вечер на популарни арии”. Присутните имаа несекојдневна можност да ги слушнат овие арии во изведба на Наташа Пандазиева – мецосопран и Наташа Трбојевиќ – пијано. Следниот настан од проектот „Град на културата” e веќе утре. Во салата „Бели Мугри” со почеток од 19.00 часот ќе биде одржан Концертот за виното и љубовта насловен како „IN VINO VERITAS".