Промовирана најновата книга на Игор Крајчев „КРУГ полу КРУГ”
Во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” вчеравечер во Ликовниот салон беше промовирана најновата книга на Игор Крајчев „КРУГ полу КРУГ”. Промотори на делото беа универзитетскиот професор д-р Венко Андоновски и ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Златко Жоглев. Присутните гости имаа можност да слушнат дел од поезијата во интерпретација на Кети Борисова.