Kонцерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев насловен како „Сон. Верба. Љубов”
Во рамки на „Велес град на културата“, а во организација на НУЦК Народен театар „ЈХК Џинот“ Велес, на 20 февруари 2015 година (петок) ќе се одржи концерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев насловен како „Сон. Верба. Љубов”.
„Сон. Верба. Љубов“ е длабоко емотивно звуковно патешествие до срцевината на нашата традиција и културна разноликост. Комбинација на авторска, филмска музика и изворно македонско творештво. Спој на композиции кои Бојаџиев ги создал за филмовите „До Балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“, композиции од неговиот албум „Љубовта е патот“, елементи од турската, ромската и албанската музика, кои авторот ги соединува во една автентична целина со современ пристап, збогатена со суфистичката поезија на големиот поет и филозоф од 13. век, Џелалудин Мевљана Руми.
Настапуваат:
Дуке Бојаџиев – пијано;
Исмаил Лумановски – кларинет и
Васил Зафирчев – наратор.
Концертот е со почеток во 20:00 часот во објектот на театарот. Влезниците се пуштени во продажба од 18.02.2015 година по промотивна цена од 150 денари на билетарницата на Народниот театар „ЈХК Џинот“.
Работно време на билетара:
Среда - од 18:00 до 20:00 часот.
Четврток - од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот.
Петок - од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот.