21-вата „Интернационална кичевска ликовна колонија „Кичево 2014”
На 17 февруари во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата на дела од уметници кои твореа на 21-вата „Интернационална кичевска ликовна колонија „Кичево 2014”. На колонијата учествувале 27 уметници од 15 држави (Малезија, Судан, Германија, Казахстан, Русија, Украина, Бугарија и др.), меѓу кои и реномираните уметници од Македонија, академик Васко Ташковски, проф. Жарко Јакимовски, проф. Ѓорѓи Чулаковски-Ѓото, Денис Тенев и Станко Ѓорѓиев.
Изработени се 80 дела во различни техники. За велешката публика организаторите направиле избор на едно од секој уметник. Изложбата својот пат низ Македонија го започна од „Градот на културата – Велес” каде ќе претстојува 10 дена, а потоа ќе биде претставена низ другите градови во земјава. (6 photos)