Tротоарот пред велешкиот суд ќе добие нов лик
Изминатава недела во тек се интензивни градежни активности за реконструкција на тротоарот во централното градско подрачје. На ова место најпрвин се отстрануваат старите и дотраени плочки, а во текот на наредните денови ќе започне поставувањето на нови бехатонски плочки.
На површината од тротоарот ќе бидат поставени и повисоки рабници кои што ќе го спречат паркирањето на автомобили. Дополнително просторот ќе се заштити и со метални елементи. Вредноста на оваа инвестиција изнесува околу 1.2 милиони денари, а во овој прв дел ќе бидат реконструирани близу 1.000 м2 површина. Оваа година, етапно ќе се уредуваат и останатите тротоарски делови во центарот на градот.