Општински натпревар во кошарка помеѓу основните училишта

Изминатава недела во Велес се одржа општински натпревар во кошарка во машка конкуренција помеѓу основните училишта од Велес. По завршувањето на серијата натпреварувања, првото место и припадна на екипата на ООУ „Васил Главинов” 1, второпласирана беше екипата на ООУ „Благој Кирков”, додека на третото место се најдоа натпреварувачите од ООУ „ЈХК Џинот”. Следните три места од ранг листата им припаднаа на ООУ „Блаже Конески”, ООУ „Васил Главинов” 2 и ООУ „Св. Кирил и Методиј”.