ПРОМОЦИЈА НА СОБРАНИ ДЕЛА НА ПОЕТОТ БРАНКО ЦВЕТКОВСКИ
Денеска во медиотеката на ЛБ „Гоце Делчев” во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” се одржа промоција на шест собрани дела на пеотот Бранко Цветковски. Промотори на делата беа Санде Стојчевски и д-р Веле Смилевски. Инаку Бранко Цветкоски е автор на петнаесет стихозбирки кои оставија свој печат во развојните текови на македонската поезија во изминатите четири децении. Меѓу неговите најзначајни поетски книги се вбројуваат „Свијок“, „Високи ветрови“, „Пресна пепел“, „Молитвен веј“, „Синори“ и „Оган во обрачи“.
Добитник е на високи книжевни признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Димитар Митрев“, „13 Ноември“ на Град Скопје и на државната награда за животно дело „Св. Климент Охридски“. Неговото творештво е презентирано на десетина јазици во светот во посебни книги, како и во низа антологии на современата македонска поезија. Добитник е на значајни признанија во Русија, Бугарија, Азербејџан и Турција.