ИЗМЕНА НА ПЛАНСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА СО КОЈА СЕ ПРЕДВИДУВА ПОКРИВАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Денес во Општина Велес беше одржана стрчна расправа за предложената Нацрт Измена и дополна на Генералниот урбанистички план за дел од УЕ 4, УБ 32 и УЕ 9 УБ 47, Општина Велес за планскиот период 2015-2025 година. Расправата беше искористена и за информирање на јавноста за постапките на Локалната самоуправа кои се кои се однесуваат на покривањето на Градскиот пазар, чија локација е опфатена во овој ГУП.

Имено, Општина Велес со измената на Генералниот урбанистички план планира измени кои се во функција на предвидениот нов објект со кој што се предвидува покривање на површините на кои се извршува продажба на земјоделски и други производи на Градскиот пазар а со тоа се овозможува подобри услови како за лицата кои вршат продажба така и за граѓаните кои го посетуваат пазарот. Во оваа насока, Општина Велес, постапката за покривање на Градскиот пазар планира да ја спроведе преку постапка за јавно приватно партнерство за што дополнително во наредниот период ќе се објави оглас за покажување на интерес на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица. Условите и дополнителните информации поврзани со покривањето на Градскиот пазар ќе бидат утврдени со Огласот за интерес како и во дополнителните акти кои што ќе следат во понатамошната постапка за ЈПП. Покрај покривање на просторот на Градскиот пазар, со изградбата на новиот објект, планирано е да се изградат и деловни објекти как што се маркети, продавници и административни простории, а воедно планирано е и да се реши проблемот со паркирање во овој дел од градот.