Во с. Караслари започна изградбата на повеќенаменско игралиште
Денес во селото Караслари започнаа градежните активности за изградба на ново спортско игралиште кое ќе биде повеќенаменско. Изградбата ја финансира Агенцијата за млади и спорт, а вкупната сума потребна за реализација на овој проект изнесува околу 7.500.000 денари. Спортскиот терен треба да биде завршен до крајот на месец Август.
На почетокот од изградбата на игралиштето, во посета на селото Караслари беа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.
-„Со овој проект сакаме да покажеме дека спортот и спортската инфраструктура не се привилегија само на големите места ,туку и во помалите треба да има вакви објекти каде што може населението да рекреира“, – истакна директорот на Агенцијата, Марјан Спасески.
-„Селото Караслари во овој период доживува еден своевиден инфратруктирен бум. Освен индстриската зона ,правиме вакво игралиште, но и се подготвува и нов фудбалски терен” – рече градоначалникот Чадиев.
Повеќенаменското спортско игралиште во селото Караслари, е дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 100 повеќенаменски маалски игралишта низ целата држава. Минатата година игралиште од овој тип се изгради и во с. Иванковци.