Започна иницијативата „ЕУ лидер“ во Вардарскиот плански регион.
Денес во Општина Велес, Центарот за развој на Вардарски плански регион заедно со Карана Корпорејшн организираше Информативен ден за имплементација на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Вардарскиот плански регион, кој произлезе како резултат на проектот за експанзија на мали бизниси поддржан од страна на УСАИД и Швајцарската влада. Целта на денешниот настан беше да се информираат индивидуалните земјоделци, јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од ВПР за придобивките кои можат да се добијат од воведувањето и спроведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во нашиот регион.
На денешниот Информативен ден, Раководител на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, г-динот Марко Колев ирази особено задоволство од почетокот на денешната успешна соработка.
-„Како Раководител на Центарот за развој на Вардарски плански регион силно се залагам за регионалниот развој и поддршка на проекти од регионално значење во согласност со Програмата за развој на Вардарскиот плански регион.” – истакна Марко Колев.
Бенефит за општината, но и за целиот регион од оваа иницијатива очекува и градоначалникот Славчо Чадиев, кој е и претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион.
-„Проектот има за цел да го зајакне капацитетот на приватниот сектор, да поттикне регионален и локален економски развој во одредените региони во Македонија, преку осмислени иницијативи, акции и модели за соработка со приватниот сектор и институциите на локалната самоуправа, да помогне во создавање на нови работни места.” – рече градоначалникот Чадиев.
Преку осмислени иницијативи, акциии модели за соработка со приватниот сектор и институциите на локалната самоуправа проектот ќе резултира со формирање на Локални Акциони Групи (ЛАГ-ови) како и во создавање на нови работни места.