Јавна трибина за разгледување на Правилникот за користење на простор

Вчера во просториите на Општина Велес се одржа јавна трибина на која што претставници на здруженија, фондации и сојузи од градот, пред претставниците на Локалната самоуправа го дадоа своето мислење за предложениот Правилник за користење на простории сопственост на Општина Велес.

Инаку, со овој Правилник се уредува постапката на определување на кои здруженијата, фондациите и сојузите ќе користат простор кој е во сопственост на Општина Велес, како и начинот на користење на просторот.
На овој начин Општина Велес ќе овозможи подеднакви услови за работа на сите корисници што делуваат на територијата на Општина Велес. Поддршката што општината ја нуди е ослободување од плаќање надоместок за користење на прост орот (закупнина) што е значителна ставка во нивното досегашно делување.