„МОЗАИКОТ НАРЕЧЕН ВЕЛЕС”
Вчеравечер во салата „Бели Мугри“ во Велес премиерно беше изведена претставата „Мозаикот наречен Велес“, според легендите за Велес од Љупчо Данов, а во режија на Весна Димитровска Бобевски. Во претставата настапијa децата - членови на теарската група „Словото“ со која раководи актерката и режисер Димитровска-Бобевски.
Приказните во претставата раскажуваат за почетокот на постанокот градот Велес, за тоа кој ја изработил првата Гемија, со која се пловело по Вардар, како умрела Ленка за која пишуваше Кочо Рацин, кој го убил Миле Поп Јорданов, за Васил Главинов и уште неколку интерсни приказни, за познати и помалку познати личности и настани. Членовите на детската театарска група „Словото“ кои направија пресек на историјата преку познати и непознати ликови кои оставиле белег во градот, претставата заедно со нивните ментори ја подготвувале шест месеци. Настанот беше дел од проектот „Велес – Град на културата 2015 година”.