70 години Црвен крст на Република Македонија
Во рамките на одбележувањето на 70 години Црвен крст на Република Македонија денес во просториите на Општина Велес се одржа работна средба помеѓу градоначалникот Славчо Чадиев и претседателот на Црвениот крст од Република Македонија др. Милчо Трајков.
На средбата присуствуваa и заменик-претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Претседател на Црвениот крст од Италија Франческо Рока, како и Претседателката на Црвениот крст од Црна Гора, Гордана Мијовиќ. Притоа градоначалникот Чадиев ја искористи можноста на Црвениот крст од Македонија да им го честита јубилејот, посакувајќи им на сите членови и волонтери да продолжат по патот на хуманоста.