Посета на градоначалникот на урбаните и месни заедници

Агендата на градоначалникот Славчо Чадиев за посети и средби со граѓаните од Урбаните и месните заедници во Општина Велес продолжи и вечерва со посета на УЗ „Тунел”, „Керамидна”, „Алексо Демниевски – Бауман” и МЗ „Раштани”. Средбите кои се од битно значење за жителите имаат голема посетеност и заинтерeсираност.

Градоначалникот Чадиев на средбите ги запознаа грѓаните со предвидените проекти кои допрва треба да се реализираат во овие урбани и месни заедници во рамките на програмите за 2015 година. Од страна на жителите до градоначалникот и стручните служби беа поставени и повеќе прашања, а исто така беа изнесени приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат. Ваквите средби се особено значајни за непосредната комуникација на жителите со локалната самоуправа. На овој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење на сите граѓани.