„Младите сограѓани“ во посета на локалната самоуправа

Денес ученици ООУ „Блаже Конески“ имаа работна прошетка низ општинската зграда. Согласно наставната програма за граѓанско образование, учениците имаа можност да го посетат Граѓанскиот сервис центар, да ги видат прес-салата и електронската сала и одблизу да се информираат за работата на општинската администрација, Советот на Општина Велес и функцијата Градоначалник.

Најголем предизвик за учениците на оваа работна обиколка беше влезот во работниот кабинет на првиот човек на градот и средбата со него. Ваквите посети ќе им овозможат на најмладите граѓани на општината подобро да го разберат општинскиот систем како и придобивките од неговото успшено функционирање.