Посета на градоначалникот на МЗ „Иванковци" и „Мамутчево".
Вечерва се продолжи со агендата на Градоначалникот Славчо Чадиев за посети и средби со граѓаните од Урбаните и Месни заедници во Општина Велес. Градоначалникот Чадиев ги посети Месните заедници од населените места Иванковци и Мамутчево каде што оствари средби со граѓаните.
Граѓаните од овие населени места од страна на Градоначалникот Славчо Чадиев беа запознаени со предвидените проекти кои допрва треба да се реализираат во нивните населени места во рамките на програмите за 2015 година, а од нивна страна беа изнесени приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат. Притоа со жителите се разговараше и за активностите кои ги превзема Локалната самоуправа а се во насока на спречување на болеста туларемија.