Приказни од шестиот кат

По повод Светскиот ден на театарот 27-ми март а во рамките на проектот „Велес - Град на културата за 2015 година", на големата сцена на новиот театар со почеток во 20.00 часот, велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот” ќе ја изведе најновата претстава од својот репертоар, комедијата „Приказни од шестиот кат”, работена според расказите на Драги Михајловски, а во драматизација и режија на Деан дамјановски.

Улогите во претставата се на Васил Зафирчев, Александар Вељановски, Славица Манаскова, Самоил Стојановски, Кети Борисовска, Фаик Мефаиловски, Талија Настова, Жарко Спасовски, Александар Ѓеоргиев, Јордан Витанов, Кица Ивковска, Слободанка Чичевска, Кирил Гравчев и други.
Билетите по цена од 100 денари може да се набават на билетарницата во новиот театар од
10:00 до 14:00 и од 18:00 до 20:00 часот.