ТЕАТАРСКАТА УМЕТНОСТ СО ПОСЕБНО МЕСТО ВО КУЛТУРНАТА ПОНУДА ЗА ВЕЛЕШАНИ
„Велес - град на културата за 2015 година” е проект со кој пред се треба на граѓаните да им се направат достапни уметностите и уметничките дела за кои инаку треба да патуваат надвор од градот. Општина Велес тоа го прави со промовирање на литературни и ликовни дела, со концерти и музички настани, но многу важно и значајно е што оваа година големо внимание се посветува и на театарската уметност.
Денес на пресконференција во новиот објект на велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот” од страна на градоначалникот Славчо Чадиев и директорот на театарот Јордан Витанов беше направен пресек на досегашниот тек на проектот а беа најавени и театарските претстави кои ќе следат во наредниот период.
-„Граѓаните можат да забележан дека основен лајтмотив на нашиот промотивен материјал е новата театарска зграда. И со право театарската уметност во оваа 2015 година ќе има посебно место во културната понуда. Во соработка со директорот и менаџерскиот тим на театарот „ЈХК Џинот“ почнувајќи од 27 март Светскиот ден на театарот ќе овозможиме гостување на сите национални театри од Македонија со најдобрите претстави. Велес градот носител на театарскиот живот во Македонија тоа го заслужува.Покрај задоволството што ќе го имаме ние велешани да ги видиме театарските ансамбли од другите градови и тие ќе имаат задоволство да настапат на најубавата театарска сцена во Македонија.” – рече градоначалникот Чадиев.
За деталите, за претставите и репертоарот говореше директорот на театарот „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот”, aктерот Витанов кој ги најави следните настани:
27.03, петок, Светски ден на театарот, 20ч
„ПРИКАЗНИ ОД ШЕСТИОТ КАТ“
Според раскази од Драги Михајловски
Режија: Деан Дамјановски
28.03, сабота, Гостување на МНТ во рамки на „Велес-Град на културата 2015“, 20ч
„СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ“
од Бранислав Нушиќ
Режија: Синиша Ефтимов
31 март, вторник, 20ч
„ПРИКАЗНИ ОД ШЕСТИОТ КАТ“
Според раскази од Драги Михајловски
Режија: Деан Дамјановски
02.04, четврток, Гостување на Охридски театар во рамки на „Велес-Град на културата 2015“, 20ч
„ДЕТЕКТОР ЗА ЛАГИ“
од Василиј Сигарев
Режија: Ненад Витанов
03.04, петок, Гостување на Штипски театар во рамки на „Велес-Град на културата 2015“, 20ч
„ЛУЛКА“
Режија: Андреј Цветановски
08.04, среда, Гостување на Драмски театар во рамки на „Велес-Град на културата 2015“
„КАПЕТАНОТ ЏОН ПИПЛФОКС“, 12ч
Режија: Коле Ангеловски
„ЖИВОТ ВО ТЕСНИ ЧЕВЛИ“, 20ч
од Душан Ковачевиќ
Режија: Ненад Витанов
15.04, среда, „Танцлаб“-Интернационален натпревар за млади кореографи, 20ч
ТАНЦФЕСТ 2015
16.04, четврток, Гала вечер на „Танцлаб“
Премиера на „Амбивалентност“, 20ч
Кореографија: Валентино Апостоловски
Режија: Хана Миленковска
ТАНЦФЕСТ 2015
17.04, петок, „СИТЕ МОИ СЛИКИ“, 20ч
Скопје танцов театар
Кореографија и режија: Рисима Рисимкин
ТАНЦФЕСТ 2015
18.04, сабота, Гостување на Турски театар во рамки на „Велес-Град на културата 2015“, 20ч
„СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“
од Вилијам Шекспир
Режија: Александар Поповски
21.04, вторник, Гостување на Битолски театар во рамки на „Велес-Град на културата 2015“, 20ч
„KARENINA MADE IN MACEDONIA“
од Венко Андоновски
Режија: Дејан Пројковски
28.04, вторник, „KUNG FU DANCE GATAWAY“, 20ч
Кунг Фу современа танцова компанија, Пекинг, Кина
Свечено затворање на „ТАНЦФЕСТ 2015“