AПРИЛИЈАДА ЗА НАЈМЛАДИТЕ ВО ВЕЛЕС
Во организација на Општина Велес, во Младинскиот парк во Амфитеатарот како и секоја година и оваа се одржа традиционалната културна манифестација „Априлијада”.
Маскираните дечиња од детските градинки, велешките училишта и лицата со посебни потреби, не криејќи ја својата радост продефилираа низ улиците на Велес. Нивнита креативност изразена преку многубројните маски, беше повод за радост, смеа и подобро расположение на сите генерации.
Програмата беше збогатена со музички настапи, рецитали, драмски изведби, модерен балет, кој дадоа целост на манифестацијата.