Образовно рандеву „МАССУМ“ во Велес

Денеска и утре во Велес се одржува „МАССУМ“ - Образовно рандеву на средните стручни училишта. Во младинскиот парк беа поставени 27 штандови на учесниците. Тие ги презентира нивните образовни профили пред заинтересираните. Од Велес на „МАССУМ“ присутни беа трите средни стручни училишта „Димитрија Чуповски”, „Коле Неделковски” и „Јовче Тесличков”. 

„Нашето училиште секоја година учествува на оваа манифестација со свои натпреварувачи ,но сега за прв пат имаме и свој штанд каде делиме реквизити со кои ги информираме осмооделенците за нашите образовни профили”. – рече Марија Камчева, ученик во СОУ „Јовче Тесличков“.

-„Штандот ни е поделен на неколку сегменти. Дел за мадицина ,дел за хениската насока ,дел за козметика и секако за исхрана”. - рече Никола Гочевски, ученик во ССОУ „Димитрија Чуповски“.
-„Сите што ќе дојдат можат да видат предмети кои ги има во нашето училиште изработени од учениците од машинската ,електонската и сообраќајната насока”. – рече Тамара Адамчевска од ССОУ „Коле Неделковски“.
На образовното рандеву годинава учествуват 40-тина средни училишта и 800 ученици. Освен штандови тие поединечно или тимски се натпреваруваа во јавно говорење, развивање маркетиншки план, дизајн на интернет страница, продукција на училишна видео снимка, вештини при интервју за работа и неколку спортски дисциплини. Домаќин и организатор на манифестацијата е хемиското училиште.
-„Ви посакувам во сите сегменти на образовното рандеву секој од вас да сепокаже во најдобро издание, да ги покажете вашите способности и вештини бидејки сум уверен дека ги поседувате”. – истакна директорот на ССОУ „Димитрија Чуповски“, Горан Јанков.
Искуствата и знаења кои учениците ги довиваат на ваквите настани се од големо значаење, затоа што ќе бидат поподготвени за да излезат на пазарот на трудот.
-„Една од целите на образовното рандеву е учениците да го продадат своето знаење на пазарот на трудот. Тука ќе можат да ги покажат своите вештини пред претставните на високообразвоните институции како и пред идните работодавачи”. - напомена министерот за образование, Абдулаким Адеми.
Низ изминатиот период Општина Велес дава континуирана поддршка за сите настани кои се поврзани со образовните саеми и промоции на различните струки и профили во училиштата, како нитка во општеството која ги поврзува образовните институции, бизнис секторот и високото образование.
-„Тенденција на Oпштина Велес е да го подобри животот на младите ,да ги подготви за нивните идни професии, за идни лидери и во континуитет да придонесува за нивниот личен напредок”. - рече градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.
Младинската асоцијација на средни училишта е формирана пред 10 годни како дел од проектот на USAID „Активности во средното образование“ со цел развивање на лидерски вештини на учениците и зајакнување на врските помеѓу училиштата и бизнис секторот.
-„Учениците кои што ги посетуваат стручните насоки што ги отсликуваат материјалните и технолошките потреби на 21-ви век ќе станат работна сила што на македонија и треба за да го исполни својот економски потенцијал”. - истакна директорот на мисијата на USAID во Македонија, Џејмс Стајн.Наградите на најдобрите во сите натпреварувања ќе бидат доделени утре.