Градоначалникот Славчо Чадиев денес го посети Саемот на книга
Градоначалникот Славчо Чадиев денес го посети Саемот на книга, којшто овие денови се одржува во Велес, а е во организација на Кклубот Матица под мототo „Да”. Велешани и овојпат докажаа дека се големите љубители на пишаниот збор, купувајќи ги омилените книги. На овој начин граѓаните истовремено и донираа средства за нови наслови кои ќе бидат дел од Локалната библиотека „Гоце Делчев”.
Општина Велес ќе продолжи со поддршката на ваквите интересни содржини од областа на културата не само во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” туку и секогаш кога ќе се пројави добра идеја во корист на нашите граѓани.