Велешани го одбележаа празникот „Источен петок – Балаклија”
Балаклија, односно Источeн Петок е денот што духовно го обединува градот Велес и неговите жители. Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитрија“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола“. И оваа како и сите години наназад, Велешани масовно ги посетија овие три христијански храмови.
На овој ден, Митрополитот Повардарски Агатангел, во манастирот „Св. Димитрија“, во сослужение со свештенството од велешкото архиерејско намесништво, отслужи Света Божествена Литургија, а во предвечерјето на празникот чиноначалствуваше со Вечерната Богослужба. На празнувањето присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев заедно со неговата сопруга. Тој на сите граѓани им го честита денешниот празник, посакувајќи им добро здравје, среќа и љубов во нивните семејства.