Детски семафор - 2015

Денес во просториите на ООУ „Васил Главинов“ во Велес се одржа традиционалниот натпревар „Детски семафор“ во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Велес.
Учество земаа училишта ООУ „Рајко Жинзифов“ , ООУ „ЈХК-ЏИНОТ“ и ООУ „Васил Главинов“

Најдобрите ќе се натпреваруваат на регионалниот натпревар.
Организацијата и реализацијата на натпреварот беше поддржана и од Општина Велес.