БУЗАЛКОВО СЕ ВКЛУЧУВА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Од 01.05.2015 година во населеното место „Бузалково“ за прв пат се воведува услугата за собирање и транспортирање на комунален отпад.
Во тек се последните подготовки на ЈКП „Дервен“ за спорведување на активностите.
Корисниците се евидентирани и склучени се потребните договори.

За една седмица на дополнителни 200 домаќинства ќе им се овозможи квалитет на услуга за постапување со отпадот која ќе ја унапреди животната средина и животот на населението.
Општината во соработка со ЈКП „Дервен“ , а согласно активностите предвидени во Програмата за управување со отпад за 2015 година, ќе спроведе понатамошни активности на чистење на населеното место од дивите депонии.