УЗ „Димче Мирчев“ по 15 години во свои простории
УЗ што го опфаќа најстарото градско јадро на Велес, денес доби свој простор за работа во зградата на НВО во Дворови. Договорот за користење на просториите на свечен начин беше од страна на Градоначалникот Славчо Чадиев врачен на претседателот на Урбаната Заедница „Димче Мирчев“.
Инаку Договорот следи по донесувањето на Одлука за отстапување на времено користење на просторијата без надоместок на УЗ „Димче Мирчев“ што Советот на Општина Велес ја донесе на 29 та седницата .