БС „Анабела“ го „собра“ златото од првенството во танцување
Денес градоначалникот на Општина Велес м-р Славчо Чадиев организираше прием за децата од БС „Анабела“ кои се вратија од Европското прнвество во танцување што се одржа во Сараево. БС „Анабела“ се врати со дванаесет медали за освоено 1-во место. Децата кои учествуваа во интернационалниот танцувачки натпревар донстоинствено ја претставија нашата општина и на најдобар можен начин ја оправдаа поддршката дадена од Градоначалникот и Советот на Општина Велес. - „На натпреварот учествуваа 10 земји со над 2000 учесника. Во 36 часа маратонско танцување од различни категории - јуниори , сениори и учесници на воздаст од 4 до 50 години, „Анабела“ беше шампион." - истакна Цветанка Пајдакова“, кореограф и тренер на балетското студио. „Анабела“ се пофали и со најмладиот учесник на првенството кој има само 4 години, а освои 1-во место.