ОПШТИНА ВЕЛЕС ПОКАЖУВА ПРИНЦИПИ НА МНОГУ ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ
Општина Велес е една од четирите општини во Република Македонија, заедно со Струмица, Град Скопје и Илинден со покажани принципи на многу добро владеење. Ова го покажа истражувањето што по ЛОТОС метода го спроведе Центарот за истражување и креирање политики.
Истражувањето е првпат реализано во Македонија во рамки на проектот „Размена на најдобрите ЕУ практики за следење на корупцијата на локално ниво“ финансиран од Европската унија.Главната цел на овој проект е да се промовираат и поттикнат практиките за антикорупција и добро владеење на локално ниво, што ќе обезбеди одржлива средина за социјален, економски и еколошки развој.