Вознесение Христово – Спасовден
Денес по повод големиот христијански празник Вознесение Христово – Спасовден, во црквата Св. Спас во Велес од страна на свештениците на Повардарската епархија беше отслужена Света Божествена Литургија. Во рамки на чествувањето се одржа и панихида на гробот на Јордан Хаџи Константинов Џинот.
На панихидата покрај свештенството на гробот на преродбеникот и основачот на првото училиште на македонски јазик на Балканот, со свој рецитал настапија и учениците од ООУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес.