Безбедност во сообраќајот

Во организација на Општина Велес и во соработка со ООЦ – Велес и МВР- СВР Велес, во ООУ ЈХК-Џинот започна реализација на проектот на тема : „Безбедност во сообраќајот“ а следната седмица ќе се реализира во сите други основни училишта во Велес .
Учениците од 6-то и 7-мо одделение денес добија основна едукација за безбедност во сообраќајот, за определени и заштитни мерки при вклучување во сообраќајот и насоки за хуманост при помош на стари и изнемоштени лица кога ги поминуваат улиците.

Дел од едуцираните ученици заедно со претставници од МВР- СВР Велес и волонтери од Црвениот крст ќе изведуваат теренски активности односно, директно и активно во неколку наврати ќе бидат вклучени во сообраќајот во нашиот град.
Целта на овој проект е да се подигне свеста за внимателност при вклучување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила.