Реконструкција на Дневниот центар за лица со оштетен вид
Владата на Република Македонија отстапи простор во објектот на Агенцијата за вработување во Велес за Дневен центар на лица со оштетен вид. Станува збор за заеднички проект на Општина Велес и МТСП.
Денес, избраната градежна фирма „Изгрев инженеринг“ ги започна градежните работи за адаптирање на просторот кој ќе содржи опремена сала за работни активности на корисниците, кујна и помошни простории.
Се очекува за 30 работни дена објектот да биде подготвен за отворање на Дневниот центар. Проектот чини вкупно 1.600.000 денари од кои 50% се средства од буџетот на општината со кои се врши адаптација на просторот, а 50% се средства од МТСП наменети за опремување на Дневниот центар.