Завршија 52-рите Рацинови средби
Од вечното почишалиште на Коста Солев Рацин, Спомен Костурницата, во саботата по 52 пат беше испратена пораката дека љубовта и болката се две детерминанти кои го определуваат поетското суштествување. Преку патување низ вечноста и бесмртноста низ крикот на билката и љубовта Рацин и денес ги пренесува пораките до нас.
Почесното Рациново признание оваа година отпатува во Русија. Олга Панкина, во Москва работејки на проектот „Читај ја Македонија“ ја добила веста дека е добитничка на почесното признание.
Рациновото признание отиде во рацете на Димитрие Дурацовски. Романот „Бледи сенки“ претставува сплет на повеќе жанрови прикажувајќи ја актуелната општествена ситуација.
Рациновите средби се мостот на времето, враќајки се назад секоја година одново ја чуствуваме душата на човекот кој не е со нас , но сите ние сме горди на него.