Градоначалникот Чадиев ги посети етно-работилниците
Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, денес ги посети куќите на уметноста каде што се одвиваат етно-работилници во кои се учи грнчарскиот, столарскиот, ткајачкиот занает и занаетот за изработка на накит. Вредните раце на триесетина ученика од основните училишта во градот, поделени во четири групи ги запознаваат тајните на овие занаети во куќата на Рацин, Главинов, Касапови и Џинот.
При посетата градоначалникот истака дека најбитно од се е што овие наши заеднички заложби ја постигнаа поставената цел - да се развие љубовта кон етно-наследството кај најмладите, кај учениците и да не се дозволи вештините за изработка на етно предмети да исчезнат заедно со генерациите родени во минатиот век.
Сите занаети опфатени со проектот во минатото биле основа за егзистенција на семествата – грнчарстовото, столарството, ткаењето и изработката на накит за куќата, за домаќинствата и личен накит за деца и возрасни.Зато и значењето на овие работилници е големо – преку нив и практично ја учат историјата, традицијата и својата припадност и идентитет.” – напомена градоначалникот Чадиев.
Инаку овој проект пета година по ред го реализира ГО „Разбој“, а е дел од Програмата за култура на Општина Велес за 2015 година. Инструктори на работилниците се занаетчии, мајстори на овие стари занаети, а целта на проектот е да се пренесат овие занаети на изумирање на младите со талент и желба за ракотворење.
Проектот трае 10 дена, а учесниците ќе добијат дипломи за учество