Велес го доби сертификатот за меѓународниот стандарт ISO 9001:2008
Чест и задоволство за Велес е што стана првата општина во Република Македонија која по успешната ресертификација го добива сертификатот за меѓународниот стандард ИСО 9001 од Институтот за стандардизација на Република Македонија.
Велес е една од малубројните општини во Македонија кои веќе 6 години го применуваат стандардот и првата во државата која го има интегрирано овој стандард во електронски систем за управување со документи.
„Нашата цел е на граѓаните да им обезбедиме поквалитетни услуги, а овој систем ни го овозможува тоа со принципот на постојано подобрување на квалитетот на нашите услуги“- рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Сертификатот за овој меѓународен стандард за нас значи потврда на успешното менаџирање во работата на администрацијата во насока на обезбедување на услуги кои граѓаните на Велес ги заслужуваат.