ГРК БОРЕЦ на прием кај Градоначалникот
Денес Градоначалникот Славчо Чадиев оствари средба со ракометарите на ГРК Борец. На средбата присуствуваше и пратеникот во Собрание на РМ, Илија Димовски.
„Она што пред три години беше само сон и приказна , денес стана реалност. Велес полека но сигурно ја враќа спортската мисла , ние не запираме овде продолжуваме и понатаму. Општина Велес како и граѓаните на Велес и понатаму ке продолжат со поголема поддршка, нашата цел е не само да го задржиме ова место тука да се пласираме меѓу првите три екипи“– рече градоначалникот Славчо Чадиев.
„ Ќе ги вложам мојот авторитет и ангажман да помогнам во оваа смисла на поддршка , генерално од градот, од сите структури и се надевам дека ке успееме. Тоа е битно не само за Вас како играчи туку и за клубот и за градот и за сите нас. Велес, иако имаше многу предизвици, економски кризи, сепак успеа да се реорганизира и да го подигне спортот на нивото што го заслужува . Вие сте пример за младите генерации како на правилен начин треба да се развиваат , да се борат , да стекнуваат пријателства и да издвојуваат победи .Имате цела поддршка од наша страна за да бидете пример на клубовите од другите спортови. Ви честитам“ – рече Пратеникот Илија Димовски.
Велешани очекуваат оваа генерација ракометари да го врати златното време на ракометот во Велес, а „Борец“ да остане расадник на репрезентацијата на Македонија.