СТАРТУВАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ОВОГОДИНЕШНАТА 12-ТА ПИТИЈАДА
Општина Велес питата пастрмајлија како свој бренд ја слави како најголем гастрономски специјалитет. Во нејзина чест и во име на традицијата годинешната 12-та питијада ќе биде најмасовната манифестација што ја организира општината.
Терминот на одржување е од 9, 10 и 11-ти октомври 2015. И оваа година на просторот пред кафиќите, на улица „Благој Ѓорев“
Во овој правец, за што подобра и поуспешна организација, ве замолуваме Вам почитувани граѓани, за било какви предлози, идеи и сугестии во пресрет на овогодинешната манифестација.
За три месеци повторно по дванаесетти пат заедно ќе ја отвориме сезоната на велешката пастрмајлија. Убедени сме дека оваа година тоа ќе биде во уште поголем број, како никогаш досега масовно и обединети, угостители, стопанственици, ученици, производители на вино, дечињата од градинка, институциите, јавните претпријатија.
Во деновите на фестивалот питата пастрмајлија и убавото вино ќе ни донесат многу гости што во своите средини ќе раскажуваат и ќе ги промовираат и градот и питите и виното.
Питата-пастрмајлија е ремек дело на нашите предци. Таа е наша гордост и ќе остане гордост на генерациите што доаѓаат!