Божествена Литургија во чест на Св. Вмч. Пантелејмон

Со Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел во сослужение со свештенството од Епархијата, се обележа денот на кој православниот свет го чествува Св. Вмч. Пантелејмон. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, а и по нејзиното завршување, не престануваа реки од народ да се движат кон Соборниот храм за да му се поклонат на својот закрилник, светиот Пантелејмон.

Меѓу присутните граѓани беа и градоначалникот Славчо Чадиев, пратеникот во македонското собрание Илија Димовски, членови на Советот на Општина Велес како и претставници на локални и централни институции.