Увид во градежните активности во с.Сливник

Денес градоначалникот Славчо Чадиев изврши увид при изградбата на разводната мрежа и градежнните активности при изградбата на новото училиште во с. Сливник.
Со овој проект се предвидува реализација на разводна мрежа во село Сливник. Односно со техничкото решение се предвидува од постоечки резервоар на кота 498,45 mnv и запремина од 100м3, водата да се дистрибуира низ разводната мрежа со која се обезбедува потребната количина на вода од резервоарот до самите корисници.

Разводната мрежа за санитарна и противпожарна вода предвидена е да биде комбинирана водоводна мрежа (прстен и гранки) и истата има двојна функција т.е. за снабдување на санитарна вода до потрошувачите во предвидените блокови како и снабдување со вода во случај на пожар. Новопроектираната мрежа се состои од главен довод и седум потези со вкупна должина од 3093м.
Финансиската рамка на проектот е определена согласно предвидената инвестициска вредност, изразена вкупно 4.221.477,00 денари, која e дефинирана согласно склучените договори по извршените јавни набавки.
Новиот објект од подрачното училиште кое е дел од ООУ „Васил Главинов” ќе биде од тврда градба. Истот ќе опфаќа три училници заедно со придружните објекти. Парите за изградба во висина од 5.300.000 денари ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија.