Прередување на бетонските коцки на „Којник“

Општина Велес согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес започна со активности за прередување на бетонските коцки на спојот на улица „Славе Петков“, „Рилски Конгрес“ и „Богдан Прличков“ во должина од околу 100 метри.
Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес.