Вардарскиот плански регион добива нови простории

Центарот за развој на Вардарски плански регион постојано се стреми кон подобрување на конкурентноста на Вардарскиот плански регион преку координирано делување на сите релевантни чинители (од една заедничка локација) во насока на подобрување на бизнис климата и поттикнување на економскиот развој на регионот. За таа цел, аплицираше со проект “Инфраструктурно уредување на јавен објект наменет за надградба на капацитетите на главните двигатели на економскиот развој во регионот”, односно проект наменет за реконструкција и адаптација на горниот спрат на поранешната зграда на Радио Велес, а моментално седиште на Мрежата за инклузивен развој на ВПР и Регионалната стопанска комора во Велес.

По изготвувањето на основениот проект, ревизијата на основениот проект и обезбедувањето на одобрението за градба од страна на Општина Велес, Центарот склучи Договор со Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа во висина од 1.930.695,00 денари и започна со спроведување на активностите за реализација на истиот. Моментално проектот е во тек. Во зградата на Радио Велес се вршат градежни зафати: електрика, вода, струја, фасада и кров.
Проектот е инфраструктурен и ќе резултира со отварање на нови канцеларии на Стопанските комори и канцеларии на Центарот за развој на ВПР, што дирекно ќе придонесе за подобрување на условите за работа, работната атмосфера и задоволување на просторните потреби кои се неопходни за квалитетно и навремено извршување на работните задачи се со цел нудење на непосредна и поквалитетна услуга.
Центарот за развој на Вардарски плански регион до крајот на 2015 година посветено ќе продолжи со реализирање и на останатите проекти кои се во тек, се со цел да ги подобри животните услови на граѓаните и да придонесе за економски раст во планскиот регион.