Велешката служба за спасување доби нова опрема

Во ТТПЕ Велес денес беше претставена опремата за брза интервенција која ќе се користи во случај на поплави или некоја друга катастрофа. Истата се состои од два гумени чамци еден мотор и пропратна опрема за нив.
-„Истовремено го кпмплетираме целиот сет со се она што е потребно од прирачен алат. Тоа се ортоми ,секири ,мотори за извлекување на вода. Чамците ќе ги појачаме уште со весла и 10 елеци за спасувачите и за луѓето кои ќе бидат спасени.” – истакна градоналалникот Славчо Чадиев.

-„Ова се прави по претходна анализа која е спроведена. Ние максимално ќе ги вложиме нашите капацитети ,ќе ппминеме заедничка обука сите кои сме во службата за спасување се со цел да им помогнеме на граѓаните ако за тоа има потреба.” - рече командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски.
Обврската за формирање на служба за спасување произлегува од законските решенија. Во неа се вклучени повеќе институции кои се задолжени за заштита на граѓаните и нивните материјални добра. Тие се подготвени да реагираат секогаш кога за тоа има потреба.