Вториот велешки пливачки маратон ја доби својата завршница
Вториот велешки пливачки маратон ја доби својата завршница. 2.5, 5 и 10 километри беа трите дисциплини во кои силите ги одмерија шесеетина пливачи, половина професионалци другите рекреативци. Нив ги поддржаа огромен број на граѓани како од градот така и од целата држава.
Најдолгата трка во 10 километри прв ја заврши Александар Илиевски (ПК „Студент”), пливајќи 2 часа 10 минути и 8 секунди пред поставената цел. Кај жените прва исплива Евита Насевска („ПК Бета“).
Никола Василевски (ПК „Орион”) беше маратонецот кој прв ги испливаа петте километри. Во женска конкуреција најдобра беше Марта Челиковска (ПК „Орион”) .
На 2,5 километри прв беше Матеј Цветановски (ПК „Орион”), додека во женска конкуренција Миа Крстевска (ПК „Орион.
Кај рекреативците, меѓу 30-тина учесници победи велешанецот Ване Рибарски.
Вториот велешки пливачки маратон беше организиран од страна на Здружението за сапорт и рекрација „Клуб 28” и Кајакарскиот клуб „Бабуна”. Истиот е дел од под покровителство на Општина Велес а поддржан е и од Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за спорт и млади. За отоврен го прогласи градоначалникот Славчо Чадиев.
-„Општина Велес во овој рекреативен центар – Езеро Младост гледа голем туристички, економски, рекреативен и спортски потенцијал. Затоа им дава огромна поддршка на организаторите на пливачкиот маратон кои преку афирмација на пливањето како еден од најзначајните спортови, го афирмираат рекреативниот центар Езеро Младост и Општина Велес.” – истакна во своето обраќање градоначалникот Чадиев.
Општина Велес како покровител на оваа манифестација даде максимална поддршка, се со единствена цел истата да прерасне во традиционална и да се одржува секоја година. За таа цел во Програмата за спорт на општината за 2015 година, „Велешкиот пливачки маратон” беше издвоен како посебна спортска манифестација.